Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА излезе со објаснување, Ливерпул бара истрага

УЕФА излезе со објаснување, Ливерпул бара истрага

Финалниот натпревар од Лигата на шампионите во саботата започна со 35 минути задоцнување поради тоа што навивачите правеа нереди пред „Стад де Франс“. Голем број од нив се обиделе да влезат на стадионот со лажни билети.

Француската полиција реагираше брутално со навивачите на Ливерпул кои пристигнаа во Париз, а УЕФА тврди дека тие се обиделе да влезат на стадионот со лажни билети. Полицијата во Париз потврди дека 68 луѓе биле уапсени пред финалето, а дури 174 биле повредени, од кои мнозинството со вдишување на солзавецот кој го пушти самата полиција.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Пред почетокот на мечот илјадници навивачи на Ливепрул направија редови и се обидоа со фалсификувани влезници да влезат на стадионот. Поради тоа доцнеше почетокот на мечот, но потоа ситуацијата се искомплицира, па полицијата мораше да користи солзавец. Во тек е истрага“, соопштија од УЕФА.

Ливерпул пак не е задоволен од начинот на кој биле третирани навивачите во Париз и бара истрага.

„Разочарани сме од проблемите со влезот на стадионот и уривањето на безбедносните бариери на кои наидоа навивачите на Ливерпул на „Стад де Франс“. Ова е најголемиот натпревар во европскиот фудбал и навивачите не треба да ги доживеат сцените што ги видовме вечерва. Бараме за истрага, која ќе ги открие причините за овие неприфатливи проблеми“, стои во соопштението од Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…