Дома Фудбал Останато УЕФА избра локација за Суперкупот: Ќе се игра со навивачи!

УЕФА избра локација за Суперкупот: Ќе се игра со навивачи!

Учесниците на европскиот Суперкуп ќе бидат познати до крајот на оваа недела кога ќе се завршат Лигата на Европа и Лигата на шампионите.

УЕФА одлучи европскиот Суперкуп оваа година да се игра на „Пушкаш Арената“ во Будимпешта. „Скај Спорт“ пренесува дека најголема новост за овој натпревар ќе биде тоа што ќе има навивачи на трибините.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во европската куќа на фудбалот одлучиле 30% о капацитетот на стадионот да биде отворен за навивачи и тоа значи дека на трибините би можело да има околу 20.000 навивачи.

Од претходно е познато дека Суперкупот ќе се одигра на 24. септември.

Инаку, во финалето ЛЕ ќе играат Севиља и Интер, додека финалистите во ЛШ ќе бидат познати после двете полуфиналиња денес и утре. Играат ПСЖ – Лајпциг и Баерн – Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…