Лигата на шампионите ќе биде продолжена во петок додека денес и утре ќе се играат натпревари од Лигата на Европа.
УЕФА ги објави строгите протоколи за завршните турнири на овие две клупски натпреварувања, а тие се базирани на голем број тестирања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сите играчи, но и членови на стручните штабови ќе бидат тестирани на коронавирус два дена пред првиот натпревар. Потоа ќе се тестираат ден пред секој натпревар, истото важи и за Лигата на Европа и Лигата на шампионите. Резултатите ќе мораат да бидат готови на шест часа пред почетокот на натпреварот.
Никој од играчите и членовите на стручниот штаб нема да смее да го напушти хотелот, освен ако претходно тоа не е договорено и ако се случи ќе биде под посебни услови.
Во тој период контакт не смее да биде воспоставен со никој друг кој не е дел од екипата.
Завршниот турнир од Лигата на шампионите се игра во Португалија, додека завршниот турнир од ЛЕ ќе се одигра во Германија.