Дома Фудбал Останато УЕФА го промовираше трофејот за новата Конференциска лига 🎥

УЕФА го промовираше трофејот за новата Конференциска лига 🎥

Денес УЕФА и претседателот на Европската Куќа на Фудбалот Александар Чеферин го промовираа пехарот за третото по ранг клупско натпреварување во Европа, Конференциска лига.

Конференциската лига ќе започне летово со квалификациите и во нив ќе играат три од четирите македонски претставници во Европа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Трофејот за ова натпреварување наликува на оној од Лигата на Европа и е тежок 11 килограми, висок 57 сантиметри и ќе биде доделен на стадионот „Ер Албанија“ во Тирана каде што на 5. мај наредната година ќе се игра првото финале во ова натпреварување.

Македонските клубови кои ќе играат во квалификациите за Конференциската лига се Шкупи, Струга Трим Лум и Силекс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ова ќе се памети долго: Барселона ги понижи Реал среде Мадрид за сите времиња (Видео)

Во рамките на Лигата на шампионите за жени се одигра спектакуларното „Ел Класико“ во кое Б…