УЕФА денес даде висока оценка за судиите за нивниот досегашен учинок на Европското првенство.
Роберто Росети изјави дека е зголемено активното играње по натпревар и дека има многу помалку досудени прекршоци, како и помалку покажани жолти картони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
УЕФА верува дека на првото Европско првенство на кое се користи ВАР сите одлуки за офсајд биле правилно донесени. Росети истакна дека офсајдот повеќе не е проблем.
Пофален е и ставот на играчите бидејќи на 36 натпревари од групната фаза досудени се само 22.4 фаули по натпревар.
Тоа го подигна просечното време на активна игра на 59.51. минута. За споредба на ЕП во 2016 година беше 56.30.