УЕФА на својот сајт издвои седум натпревари од групната фаза на Европското првенство кои смета дека се највозбудливи, а меѓу нив е дуелот на Македонија и Австрија.
Македонија на 13. јуни во Букурешт против Австрија ќе го одигра првиот натпревар на ЕП во својата историја, а УЕФА смета дека тоа ќе биде еден од највозбудливите дуели.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Македонија беше во квалификациите заедно со Австрија пред да ги помине Косово и Грузија во плеј-офот да доје до својот прв настап на ЕП и да обезбеди римеч со Австријците. Австрија ја победи Македонија и дома и гости. Првата ѕвезда на Македонија е големиот Горан Пандев кој го даде погодоток за пласман на ЕВРО. Ќе има ли уште еден значаен погодок за 37-годишната ѕвезда“, пишува УЕФА.