Дома Топ вести УЕФА бара астрономска оштета од клубовите кои ја формираа Суперлигата

УЕФА бара астрономска оштета од клубовите кои ја формираа Суперлигата

По објавата за формирање на нова Суперлига, ниту еден член на 12-те клубови основачи не се појавија на состанокот на Европската клупска асоцијација (ЕКА), УЕФА се закани со ригорозни занкции, а веќе се започната тужба.

Клубовите за учество во Суперлигата ќе добиваат 350 милиони евра и тоа четири пати повеќе од тоа што Баерн Минхен како европски шампион го заработи лани од Лигата на шампионите, па секако дека финансисите се главната причина за формирањето на оваа Суперлига.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најголем дел од фудбалските фанови го осудуваат ваквото расцепување на европскиот фудбал. Хаосот допрва ќе следува. „Газета дело Спорт“ објави дека во Нион е започната постапка за тужба против „одметниџите“ и од нив се бара огромна оштета од 50 до 60 милијарди евра затоа што се уништува еден целосен систем.

Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Тотенхем, се клубовите кои се основачи на оваа лига.

Повеќе за системот на натпреварувањето прочитајте тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…