Менаџерот на Челзи, Томас Тухел смета дека напаѓачот на „сините“ Ромелу Лукаку е преуморен од натпеварите во националниот тим.




Лукаку влезе во серија од шест меча без да постигне гол, но Тухел не е загрижен поради тоа.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Утре Челзи го пречекува Малме во ЛШ каде „сините“ ќе ја бараат втората победа во Групата Х.




„Со Лукаку сме во период на адаптација еден на друг. Моето мислење е дека е преуморе, бидејќи играше многу натпревари ова лето со националниот тим, а сега и во Лигата на нации. Чуствувам дека е малку уморен и психички. Но, нема ништо што треба да загрижува“, изјави Тухел.




„Ни недостаува малку форма и ентузијазам, но тоа е поради фактот што играме многу. Премиер лигата е најтешкото првенство во светот“, додаде Тухел.