Дома Фудбал Англија Тухел за киксот на Жоржињо: Му пречеше осветлувањето

Тухел за киксот на Жоржињо: Му пречеше осветлувањето

Челзи иако доминираше против Манчестер Јунајтед, сепак не успеа да победи и одигра 1:1.

Во главна улога во натпреварот беше Жоржињо. Играчот од средниот ред направи катастрофална грешка по која Манчестер Јунајтед преку Џејдон Санчо дојде во водство, а потоа го изедначи резултатот со гол од пенал.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


По натпреварот Томас Тухел застана во одбрана на Жоржињо и објасни зошто според него Жоржињо погрешил.

„Примивме гол по една грешка. Жоржињо лошо ја процени ситуацијата. Мислам дека му пречеше осветлувањето и не ја гледаше добро топката“, изјави Тухел.

Челзи по ова реми се уште е првопласиран со 30 бода на лидерската позиција со еден повеќе од Сити и два од Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рудигер за ударот со колено: Зборува како да го убив, ако сакав да го повредам немаше да стане…

Во пресрет на вечерашниот реванш на Етихад помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, дефанзивец…