Дома Фудбал Лига на шампиони Тухел го обвини судијата: Се смееше со Анчелоти после натпреварот

Тухел го обвини судијата: Се смееше со Анчелоти после натпреварот

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел не го криеше големото разочарување од елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

 „Сините“, во Мадрид имаа предност од 3:0 до 82-та минута, кога Родриго успеа да погоди и да го однесе натпреварот во продолжение, а во продолжението Бензема постигна гол за елиминација на Челзи.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


„Покажавме храброст и квалитет. Ние сме посебен тим. Бев разочаран на крајот, судијата добро се забавуваше со Карло Анчелоти. Сакав да се ракувам со него, а тој се смееше и се забавуваше со противничкиот тренер. Мислам дека е погрешно да се однесува така веднаш по последниот свиреж. Кога судијата се смее и се забавува со другиот тренер тоа е лоша порака. Му го кажав тоа“, изјави Тухел.

„Постигнавме четири гола на два натпревари, имавме многу шанси, но немавме среќа. Разочарани сме на крајот, бидејќи направивме две грешки. Најважните моменти од овој натпревар беа всушност нашите грешки. Покрај тоа, за вакви пресметки треба да имаш малку среќа, а ние ја немавме“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Тоти, пораките во телефонот на твојата сопруга се мои“: Откриени нови детали од неверството

Франческо Тоти е еден од најголемите фудбалери во италијанската и европската историја, но …