Дома Фудбал Англија Туре: Ван Дајк е неверојатен, но мислам дека има една слабост

Туре: Ван Дајк е неверојатен, но мислам дека има една слабост

Поранешниот дефанзивец на Арсенал и Ливерпул , Коло Туре зборуваше за сегашниот столб на одбраната на Црвените, Вирџил ван Дајк.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако пристигна во Ливерпул, Ван Дајк покажа дека се работи за стопер со квалитет од светска класа.

И Коло Туре смета дека Ван Дајк е неверојатен. Сепак, верува дека постои барем еден начин напаѓачите да го надмудрат.

„Немам видено многу фудбалери кои се обидуваат да тргнат во ситуација 1 на 1. Според мое мислење тоа е негова слабост. Многу е висок и ако го одлучно нападнете со топката може нешто да направите.“ – изјави Туре и додаде:

„Многу паметен играч. Го има Џо Гомез и уште многу други добри играчи кои му помагаат. Мислам дека тоа му ја прави играта полесна.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Килијан Мбапе станува фудбалскиот Мајкл Џордан

По речиси две децении заврши соработката на Мбапе со Најк, но Французинот наводно не сака …