Атлетико Мадрид е најновиот клуб кој се приклучи во трката за крилото на Брајтон, Леандро Тросар.
Диего Симеоне бара начин да го освежи нападот и се насочил кон 27-годишниот Белгиец.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тросар игра фантастично од почетокот на сезоната и го привлече вниманието на многу европски клубови. До овој момент тој има 5 гола и 2 асистенции на 10 меча за Брајтон.
Освен Атлетико Мадрид интерес за Тросар покажуваат уште Арсенал и Челзи, па се очекува голема битка за неговиот потпис.
Тросар има одиграно 21 меч за Белгија и готово сигурно ќе биде дел од репрзентацијата на Мундијалот.