Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе, на трката во Вила Реал, Португалија, во рамките на европскиот шампионат на кружни патеки (ЕТЦЦ), освои четврто и трето место.
Стефановски, првата трка ја заврши на четвртата позиција, а втората на третото место. Третото место, во првата трка, македонскиот автомобилист го загуби во претпоследниот круг, кога во борба за позиција, имаше контакт помеѓу Иџе и Хозе Родригез.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Втората трка пак беше прекината по извозени шест од предвидените 13 круга, бидејќи во еден инцидент беше оштетена заштитната ограда. Бидејќи втората трка заврши пред време возачите ќе добијат само половина од предвидените бодови.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!