Дома Македонски спорт Мак фудбал Трето засилување за Пелистер: Во Битола се врати Филип Миленковски

Трето засилување за Пелистер: Во Битола се врати Филип Миленковски

Битолски Пелистер го доведе и третото засилување, за новата сезона, после голманот Илче Петрески и Благоја Љамчевски сега договор со Пелистер потпиша Филип Миленковски.

Во редовите на Пелистер Милековски доаѓа од Брегалница каде што настапуваше минатата сезона и ќе биде засилување за левата кр илна позиција, а по потреба може да ја покрива и левата бековска.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


32-годишниот Миленковски е роден во Битола и кариерата ја почна во Пелистер потоа настапуваше за Силекс, на два пати за Брегалница и Струга Трим Лум.

Пелистер ќе потсетиме испадна од првата лига во изминатата сезона и сега има за цел експресно да се врати во друштвото на најдобрите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…