Дома Топ вести Тренерот на Спортинг се закани со отказ доколку пристигне Роналдо

Тренерот на Спортинг се закани со отказ доколку пристигне Роналдо

Тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим се заканил со отказ доколку клубот го ангажира Кристиано Роналдо без негова согласност, тврдат англиските медиуми.

Тренерот е против ангажман на 37-годишниот напаѓач и е подготвен дури и да си замине доколку пристигне Португалецот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Не можам да гарантирам ништо. Роналдо е играч на Манчестер Јунајтед и мислам дека ќе продолжи да биде“, кратко изјави Аморим.

Португалецот има 37 години и знае дека има се помалку време за соборување и „подобрување“ на своите рекорди во Лигата на шампионите.

Поради тоа инсистира да се пресели во клуб кој игра во ЛШ, но не му остануваат многу опции, а медиумите тврдат дека Спортинг е спремен да ја искористи таквата ситуација.

Во моментов Роналдо е најблиску до Наполи, но и таму шансата за договор не е изгледна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Емери има големи планови: Го сака фудбалерот на Барселона од 70 милиони евра

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери е заинтересиран за фудбалерот на Барселона и репрезент…