Дома Фудбал Германија Тренерот на Баерн го критикуваше раководството

Тренерот на Баерн го критикуваше раководството

Тренерот на Баерн Минхен, Ханзи Флик покажа дека не е среќен од трансфер политиката на клубот во однос на купување на нов напаѓач.

Роберт Левандовски се повреди и ќе остане надвор од терените цел месец, а Баварците немаат адекватна замена на местото централен напаѓач.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Веќе со години Левандовски е главен напаѓач на Баерн Минхен,но раководството не обезбеди негова адекватна замена.

„Клубот треба сериозно да ја разгледа ситуацијата околу доведување на нов напаѓач. Тоа не е моја работа. Сигурно дека имам мислење за таа тема, но мислењето ќе го задржам  за себе“, изјави Флик.

„Го имаме Гнабри, а и Томас Милер може да игра како централен напаѓач. Во секој случај ќе се справиме добро со ситуацијата“, додаде тренерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Кои се плановите на Тиаго Мота после Јувентус?

Не помина ни една недела откако Тиаго Мота беше сменет од позицијата тренер во Јувентус, в…