Maтијас Де Лихт денес би требало да пристигне во Торино.
Младиот холандски фудбалер после одличната сезона во дресот на Ајакс доби неколку понуди од европските клубови, а како што стојат работите се одлучил кариерата да ја продолжи во Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Лихт долго време се поврзуваше со Барселона, но на крајот неговиот агент Мино Раиола порача дека подобра опција за него е Јувентус. Наводно, се е договорено и се чека само официјална потврда.
Дека ќе го напушти Ајакс ова лето потврди и тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг. Тен Хаг отворено призна дека во клубот очекувале тој да замине.
„Знаецме дека Де Лихт ќе си замине. Тој е одличен играч и сега ќе мораме да го замениме и тоа воопшто нема да биде лесно“, изјави Тен Хаг.
Сепак, на прашањето каде ќе ја продолжи кариерата Де Лихт не сакаше да одговори.