Дома Трансфер зона Трансферот на Умтити пропадна, не ги минал лекарските прегледи

Трансферот на Умтити пропадна, не ги минал лекарските прегледи

Иако се чинеше дека Барселона конечно ќе се ослободи од Самуел Умтити, сепак неговиот трансфер во Рен пропадна.

Каталонски „Спорт“ информира дека Французинот не ги минал лекарските прегледи, иако се беше договорено за негово доаѓање.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Според непотврдени информации проблемот се појавил при тестовите за срце, па клупскиот доктор на Рен не дал согласност за трансфер.

Трансферот е дефинитивно пропаднат и Рен бара друг дефанзивец, а Барселона ќе мора да бара друга дестинација за Умтити, кој е надвор од плановите на Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…