Дома Трансфер зона Трансферот е само одложен: Караско на лето доаѓа во Милано!

Трансферот е само одложен: Караско на лето доаѓа во Милано!

Милан значително го засили тимот во зимскиот преоден рок со доаѓањето на Пакета и Пјонтек, но „росонерите“ до последниот ден од преодниот рок преговараа и за трансфер на Јаник Караско.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


25-годишниот Белгиец по секоја цена сака да ја напушти Кина и да се врати во Европа, се поврзуваше со многу клубови, но најблиску до неговиот потпис беше Милан.

„Росонерите“ имаа договор со Караско, но не успеаа да постигнат договор со Далиан Јифанг, бидејќи кинескиот клуб не сакаше да го дава играчот на позајмица.

Италијанските медиуми тврдат дека трансферот најверојатно е само одложен до лето, бидејќи Караско останува на врвот на листата желби на „росонерите“.

Спортскиот директор Леонардо како приоритет за тимот го постави засилувањето на крилните позиции, а Караско е прва желба.

„Росонерите“ веќе имаат договор со играчот и постојано одржуваат контакт со неговиот агент и се спрмени да го донесат на „Сан Сиро“, особено доколку обезбедат пласман во Лигата на шампиони.

Наводно Караско прифатил намалување на платата и се согласил во Милано да добива 6 милиони евра по сезона, плус бонуси, наместо досегашните 10 милиони евра кои го заработува во Кина.

Белгиецот сака по секоја цена да се врати во Европа, а според италијанските медиуми твансферот би требало да изнесува околу 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…