Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО – 4ти јануари: Барса ја комплетираше третата најскапа продажба, Бурнемоут купува на „Енфилд“!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО – 4ти јануари: Барса ја комплетираше третата најскапа продажба, Бурнемоут купува на „Енфилд“!

Вчера стартувавме, а денес (4-ти јануари) продолжуваме и така ќе биде се до затварањето на јануарскиот преоден рок – со Спортски.мк бидете во тек со се што се случува на трансфер пазарот ширум светот!

– За почеток тука можете да се потсетите што се случуваше во вчерашниот ден.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– Вчера се појави вест дека Ванда и Икарди се спремни да прифатат нов договор со плата од осум милиони евра, но, не изгледа не е така. Ванда за својот сопруг бара плата од девет милиони евра по сезона. (ОВДЕ) 

– Откако стана јасно дека Ница нема намера да продолжи со Балотели, нов клуб на Италијанецот изгледа ќе биде Марсеј. Постојат информации и дека Њукасл може да се вклучи во трката за неговиот потпис, но засега Марсеј е фаворит. (ОВДЕ)

– „Индепендент“ пишува дека Арсенал донел одлука да го задржи Месут Озил до крајот на сезоната. (ОВДЕ)

– Барселона сака да го врати во своите редови Дани Олмо кој сега го носи дресот на Динамо Загреб. Во Динамо не сакаат да преговараат за сума помала од 25 милиони евра. (ОВДЕ) 

– OФИЦИЈАЛНО: Тоби Алдервилд нема да биде слободен играч наредното лето. Тотенхем ја искористи опцијата во договорот и автоматски го продолжи за уште една сезона.

– ПРЕГОВОРИ: Холандските медиуми на големо пишуваат дека вчера во Амстердам делегација на ПСЖ преговарала со луѓето од Ајакс за трансфер на супер талентираниот Франк Де Јонг.

Наитан Нандез од Бока Јуниорс многу веројатно ќе заврши во редовите на Каљари за сума од 13 милиони евра. Ова е изненадување бидејќи се очекуваше да премине во посилен клуб.

– Талентираниот 19 годишен фудбалер Жан Клер Тодибо изгледа донел одлука. Шпанските и италијанските медиуми пренесуваат дека Барселона била поуспешна и ги победила во трката Јувентус и Наполи.

Aндреас Переира има договор со Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната и многу веројатно ќе го напушти клубот како слободен играч. Во редот за неговиот потпис застанаа Фиорентина и Лацио.

Димитри Паје одбил астрономска понуда од Кина, негова желба е да остане во Марсеј.

– Mилан имал намера да го ангажира Моис Кин од Јувентус на позајмица, но нивната понуда била одбиена.

Балотели заминува од Ница, а на негово место Французите би можеле да го доведат Рубен Будебуз од Бетис за 14 милиони евра.

– БОМБА, БОМБА: ПСЖ во Амстердам не преговарал само за Де Јонг, туку и за Матијас Де Лихт – спремни се да платат 150 милиони евра! (ОВДЕ)

Солскјер зборуваше за можните засилување во јануарскиот преоден рок:

„Сигурен сум дека имаат добри планови за преодниот рок. Клубот веројатно од лето направил план, можеби и порано. Структурата е одлична, сигурен сум дека имаат во план некои играчи“ (ОВДЕ)

„Калчомеркато“ пишува дека за Ирвинг Лозано од ПСВ интерес покажал и тимот на Челзи. Лозано во својот договор има откупна клазула во износ од 40 милиони евра.

– Освен Јаник Караско во нападот, Милан за јануари има и две мети од средината на теренот – Николо Барела од Каљари и Стефан Јохансен од Фулам. (OВДЕ) 

– „Мундо Депортиво“ пишува дека до крајот на неделата ќе бидат договорени сите детали за трансфер на Адриен Рабио во Барселона.

– OФИЦИЈАЛНО: Барселона ја комплетираше продажбата на Паулињо кој во Гвангжу премина како позајмен играч за 42 милиони евра. Ова е трет најголем трансфер во историјата на Барселона, пред Паулињо се само Фиго и Нејмар. (ОВДЕ)

Тимо Вернер одби да го продолжи договорот со Лајпциг неговата ситуација ја следат дури пет клуб – Баерн Минхен, Ливерпул, Атлетико Мадрид, Милан и Јувентус. (ОВДЕ) 

– Се појави вест дека Алексис Санчез би можел да го напушти Манчестер Јунајтед и да се врати во Шпанија. За неговиот потпис интерес покажале екипите на Атлетико Мадрид и Валенсија (ОВДЕ)

– Според некои италијански медиуми Барселона подготвува понуда од 120 милиони евра за Калид Кулибали. (ОВДЕ)

– Интер и Рома се борат за потписот на одличниот Аргентинец, Родриго Де Паул од Удинезе. Во овој момент во „пол-позиција“ се „нероаѕурите“.

– БЛИСКУ: „Скај Спорт“ пренесува дека Натаниел Клајн од Ливерпул е пред трансфер во Бурнемоут (ОВДЕ) 

– НЕ Е САМО КЛАЈН: Бурнемоит од Ливерпул го доведува и Соланке за сума од 19 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …