Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО – 14ти јанаури: Марко Арнаутовиќ станува еден од најплатените фудбалери во светот!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО – 14ти јанаури: Марко Арнаутовиќ станува еден од најплатените фудбалери во светот!

transferi

Спортски.мк и денес е тука да ви ги пренесува случувањата на трансфер пазарот ширум светот – БИДЕТЕ ВО ТЕК!

– Тука можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– ПОТВРДЕНО: Главната вест е утрово дека Арон Рамзи вчера ги поминал медицинските прегледи во Јувентус! (ОВДЕ)

– РИМСКА ВОЈНА ЗА АРЈАН АДЕМИ: Лацио и Рома сакаат уште овој месец во своите редови да го видат македонскиот фудбалер! (ОВДЕ)

– Нови информации за Игуаин: Во италијанските медиуми се шпекулира дека аргентинскиот напаѓач веќе побарал барање за трансфер во Челзи…Го чекаме расплетот.

– Официјално: Поранешниот француски репрезентативец, Јохан Кабаје потпиша за Ал Наср од Обединетите Арапски Емирати.

– После веста на „Мундо Депортиво“ дека Манчестер Јунајтед може да тргне по Фелипе Кутињо, пристигнува нова вест во која се тврди дека Бразилецот им порачал дека не е спремен да ја напушти Барселона и да се врати на Островот.

– УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ ЗА РАБИО: Францускиот фудбалер не отпатувал со Пари Сен Жермен на припремите во Доха – ако не замине во јануари ќе седи на трибини до крајот на сезоната.

– Спортскиот директор на Милан, Леонардо разговарал со луѓето во Сампдорија после куп натпреварот за можноста Криштоф Пијатек да го замени Игуаин на „Сан Сиро“. (ОВДЕ)

 

Унаи Емери сака што побрзо да го продаде Месут Озил и да го ангажира Евер Банега.

– Шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид ќе мора да доведува напаѓач после повредата на Карим Бензема. Се шпекулира дека први кандидати се Фернандо Љоренте и Алваро Мората.

Mичу Батчуаи по се изгледа ќе биде новото засилување на Тиери Анри во Монако.

Жорди Алба порача дека сака да остане во Барселона, но дека останувањето не зависи само од него. (ОВДЕ)

– „Марка“ пишува дека Иско е непожелен во Мадрид и дека треба да си замине. (ОВДЕ)

– Медиумите во Париз пишуваат дека ПСЖ одредил цена за Адриен Рабио во јануари и тоа е 15 милиони евра.

Сами Кедира изгледа добил дозвола од Јувентус да преговара со заинтересираните клубови, Германецот може да си замине и во овој преоден рок.

– ИЗНЕНАДУВАЊЕ: ПСЖ е блиску до Идриз Геја од Евертон! Се споменува сума од 30 милиони евра (ОВДЕ)

– Вест Хем изненадувачки влегува во трката за Калум Вилсон од Бурнемоут! Челзи добива конкуренција од „Чеканите“.

– Британски „Тајмс“ пренесува дека Марко Арнаутовиќ е пред трансфер во кинески Шангај за сума од 50 милиони евра. Арнаутовиќ е добива 20 милиони евра по сезона со што ќе стане еден од најплатените фудбалери во светот! (ОВДЕ)

– ПРОМЕНИ: Барселона изгледа тргнала во офанзива на Рабио и сака на ПСЖ да му плати 15 милиони евра за да го добие Рабио овој месец.

– OФИЦИЈАЛНО: Мунир Ел Хадади денес беше претставен во Севиља. Сега веќе поранешниот фудбалер на Барселона потпиша договор со Севиља до 2023 година.

Гвардиола потврди дека Манчестер Сити нема да плати 100 милиони фунти за Рубен Невеш (ОВДЕ)

Јирген Клоп откри дека во 2014 година имал прилика, но одбил да го купи Садио Мане во Борусија Дортмунд за 23 милиони евра. (ОВДЕ)

– 18 годишниот Калум Хадсон Одои наводно одлучил ако Челзи не го пушти во Баерн, да замине бесплатно во јуни 2020 кога му истекува договорот (ОВДЕ)

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…