Дома Топ вести Милан ја најде замената за Игуаин – почнати преговорите за Пијатек

Милан ја најде замената за Игуаин – почнати преговорите за Пијатек

Милан подготвува шокантен трансфер на полската „гол машина“ Криштоф Пијатек, пренесува еминентната „Газета дело Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Напаѓачот на Џенова е посочен како идеален заменик на Гонзало Игуаин, кој готово сигурно до крајот на преодниот рок ќе се пресели во Челзи.

Клупските директори Паоло Малдини и Леонардо не отпатуваа со тимот во Џеда и останаа во Милано за да работат на трансферот на Пијатек.

Преговорите со Џенова се веќе започнати, а трансферот би требало да изнесува помеѓу 40 и 50 милиони евра. Во моментов двата клува разговараат за формулата на трансферот, „росонерите“ сакаат да платат 10 милиони за позајмица и додатни 30 милиони евра за откуп, плус бонуси.

Пијатек оваа сезона блеска во дресот на Џенова и веќе постигна 13 гола во Серија а, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…