Дома Трансфер зона Барса ја напушта еден од клучните играчи, ПСЖ и Сити во акција: Сакам да останам, но…

Барса ја напушта еден од клучните играчи, ПСЖ и Сити во акција: Сакам да останам, но…

Жорди Алба истакна дека сака да остане во Барселона, но дека за неговата судбина одлучува клубот.

Договорот на Алба истекува на крајот од следната сезона и како што пренесуваат шпанските медиуми се разговара за продолжување на истиот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Се уште се е исто. Имам уште една година договор и не знам каков е ставот на клубот по тоа прашање. Но, смирен сум. Сакам да останам, ова е клубот кој го сакам и за кој од секогаш сум навивал. Меѓутоа, во овој случај не се откажувам. Она на што можам да влијаам е играта, но ништо повеќе“, изјави фудбалерот.

Инаку, шпанските медиуми пренесуваат информација дека Алба бара значително повисока плата што во клубот не се подготвени да му ја дадат. Целата ситуација внимателно ја следат Манчестер Сити и ПСЖ кои би сакале да го видат играчот во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Борусија го засилува нападот со еден од најдобрите фудбалери во Бундеслигата?

Борусија Дортмунд сезонава не беше многу конкурентна за титулата во Бундеслигата, но успеа…