Дома Топ вести ТАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Игуаин со една нога во Челзи, Милан го сака Пијатек, Кутињо се враќа на Островот, Јуве тргнува по Модриќ

ТАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Игуаин со една нога во Челзи, Милан го сака Пијатек, Кутињо се враќа на Островот, Јуве тргнува по Модриќ

Полека изминува една половина од јануарскиот преоден рок, постојат многу гласини со Спортски бидете во тек со се што се случува!

ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


-Главна трансфер вест денес е трансферот на Гонзало Игуаин во Челзи. Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо призна дека Аргентинецот веќе донел одлука и тешко дека ќе можат да го задржат на „Сан Сиро“ (ОВДЕ).

-Баерн Минхен се вклучи во траката за Алваро Мората. Баварците го сакаат напаѓачот на позајмица со право на откуп следната сезона.

-Главна вест на Островот денес е дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за селекторот Герет Саутгејт и сака да го донесе на „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната. (ОВДЕ).

-Интер е се поблиску до договор со Антонио Валенсија, кој на крајот на сезоната како слободен агент ќе го напушти Манчестер Јунајтед. (ОВДЕ).

-БОМБА од Каталонија: Манчестер Јунајтед започнал преговори за трансфер на Кутињо кој не е среќен во Барселона.

-Милан веќе започна да ја бара замената за Игуаин, а главна цел е Криштоф Пијатек од Џенова. Преговорите се веќе започнати и „росонерите“ се спремни да понудат 50 милиони евра за полската „гол машина“.

-Сопругата на Јаник Караско потврди дека Белгиецот сака да се врати во Европа и дека има понуда од Манчестер Јунајтед, од Италија и Шпанија.

-Челзи е во потрага по замена за Фабрегас, а прва мета е Леандро Паредес од Зенит. Преговорите се во тек, рускиот клуб за слободата на Аргентинецот бара 35 милиони евра.

-БОМБА од Апенините: Јувентус е силно заинтересиран за потписот на Лука Модриќ. „Старата дама“ веќе ги остварила првите контакти со менаџерот на Хрватот, кој веројатно ја игра последната сезона на „Сантиаго Бернабеу“.

Мичу Бачуаи е на чекор од трансфер во Монако. Француските медиуми тврдат дека е договорена позајмица до крајот на сезоната без право на откуп.

-Најновото тренерско име на листата на Манчестер Јунајтед е Диего Симеоне. „Црвените ѓаволи“ ќе се обидат да го убедат Аргентинецот да го напушти Атлетико и да се пресели во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …