Дома Фудбал Порака до Иско: Замини си, гледаш дека во Мадрид никој не те сака

Порака до Иско: Замини си, гледаш дека во Мадрид никој не те сака

Играчот за врска на Реал Мадрид, Иско веќе неколку недели поминува низ тешка ситуација на „Сантијаго Бернабеу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иско е незадоволен од статусот во Реал Мадрид и веруваше дека со доаѓањето на Солари тоа ќе се промени. Сепак, Солари продолжи по стапките на Зидан да го остава на клупата за резерви.

Шпанските медиуми веќе со денови пишуваат за тоа дека Иско останал скоро сам и дека воопшто нема добар однос со соиграчите и тренерот. Новинарот на „Марка“, Рубен Хименез порача денес дека најдобро би било Иско да го напушти Реал Мадрид.

„Соиграчите веќе не се зад тебе, немаш поддршка од капитенот и клубот те остави сам. Иско, оди играј некаде на друго место. Оди било каде, гледаш дека во Реал никој не те сака“, пишува новинарот.

Дека навистина Иско нема иднина во Реал покажува и вчерашниот натпревар против Бетис во кој Реал се мачеше да победи се до последните минути, а Иско натпреварот го помина на клупата за резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mурињо „отпишал“ тројца фудбалери на Реал, еден не сака да слушне да замине!

Жозе Мурињо ги „отпиша“ Фран Гарсија, Раул Асенсио и Едуардо Камавинга, но последниот не с…