Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Челзи тргнува по Рамзи, сапуница околу Калдара, Погба има цена, луда понуда на Јунајтед….

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Челзи тргнува по Рамзи, сапуница околу Калдара, Погба има цена, луда понуда на Јунајтед….

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

– ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– Денешниот ден започна со веста за наводната понуда од Манчестер Јунајтед од Роберт Левандовски. Според некои информации Полјакот има понуда од 28 милиони евра по сезона од тимот на Мурињо! (ОВДЕ)

– Во вистинска сапуница се претевара случајот со Калдара. Дел од медиумите на Островот пренесуваат дека Челзи испртил понуда од 40 милиони евра за стоперот кој беше пред трансфер во Милан. (ОВДЕ)

– Рома постигнала договор со Стивен Нзози од Севиља, Французинот е пред трансфер во Рим! (ОВДЕ)

– Тимот на Челзи, наводно е спремен на Гонзало Игуаин да му понуди плата од 120.000 фунти неделно (ОВДЕ)

– Манчестер Јунајтед со одговорот дека за Погба би морале да платат 220 милиони евра го откажа тимот на Јувентус од намерата да го врати Французинот (ОВДЕ)

– Челзи би можел да испрати понуда во вредност од 30 милиони фунти за услугите на Арон Рамзи (ОВДЕ)

– Официјално: Ветеранот Клаудио Пизаро на 39 годишна возраст по четврти пат се врати во германски Вердер со кој потпиша договор на една година. Перуанецот во октомври полни 40 години.

– Островјаните пишуваат за понудата на Левандовски од Манчестер Јунајтед, додека пак „Марка“ пренесува дека Реал Мадрид повторно размислува за ангажман на полскиот напаѓач.

– Напаѓачот на Јувентус Андреа Фавали кој постигна два гола во натпреварот против Баерн Минхен е на мета на португалски Порто.

– ПСЖ повторно се распрашува за Алекс Сандро. Проблем е цената, Јувентус пред пристигнувањето на Роналдо за Бразилецот бараше 60 милиони евра, но сега за неговите услуги бараат 80 милиони евра.

– Нова мета на Наполи е Бенџамин Хенрикс…

– Италијанецот Матео Дармијан потврди дека сака да го напушти Манчестер Јунајтед. Овој фудбалер во претходниот период најмногу се поврзуваше со враќање во Италија (Наполи и Јувентус).

– Манчестер Јунајтед би можел да го ангажира стоперот на Барселона, Јери Мина.

– ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Реал би можел да го продаде Лукас Васекз за 70 милиони евра на француски Лион! (ОВДЕ)

– Според последните информации и Вест Хем влегува во трката за потписот на хрватскиот стопер Домагој Вида.

– Островските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид не сака  да ја плати бараната сума од Челзи за Еден Азар во износ од 200 милиони фунти

– Италијанските медиуми пренесуваат дека директорот на Рома, Мончи се наоѓа во Милано на преговори со Милан за ангажман на Шпанецот Сусо за кого „росонерите“ бараат 40 милиони евра. (ОВДЕ)

– После Атлетико Мадрид и тимот на Марсеј покажува интерес за ангажман на Оливие Жиру кој е се подалеку од останување во Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…