Дома Топ вести Ова би било тежок удар за „топџиите“: Лутиот ривал спрема понуда за „убиецот на славните“!

Ова би било тежок удар за „топџиите“: Лутиот ривал спрема понуда за „убиецот на славните“!

ramsey

Доколку гласините кои се појавија во текот на денешниот ден станат реалност тоа би било тежок удар за навивачите на Арсенал.

Како што пренесуваат англиските медиуми, помеѓу кои е и реномираниот „Скај Спорт“, Челзи спремил понуда од 30 милиони фунти (33.6 милиони евра) за играчот за врска на Арсенал, Арон Рамзи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Велшанецот има уште една година од договорот со клубот од „Емирати“, а се уште нема посериозни најави за продолжување на истиот.

„Сините“ се спремни да ја искористат таквата ситуација и да испратат сосема солидна понуда за играч кој има уште една година од договорот.

Емери е убеден дека Рамзи ќе остане на северот од Лондон и наредната сезона, но во случај фудбалерот да изрази желба, а клубот не го пушти би си заминал веќе наредното лето без никаква оштета. Сепак, да напоменеме дека Рамзи засега не се изјаснил, барем не јавно.

Понудата од 30 милиони евра би можела да биде причина во Арсенал да размислат, но останува да видиме како ќе се одвиваат работите до 9-ти август кога истекува рокот за трансфери во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Урнебесно: Карагер пијан го интервјуираше Санчо 🎥

Фудбалерите на Борусија Дортмунд синоќа на домашен терен на „Сигнал Идуна Парк“ го совлада…