Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Коњаспор од денес има двајца Македонци!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Коњаспор од денес има двајца Македонци!

И денес нашата редакција навремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини на трансфер пазарот.

– Челзи денес е во центарот на вниманието. „Скај Спорт“ пренесува дека „сините“ се блиску до комплетирање на два трансфери. Николо Барела од Каљари за 50 милиони евра и Леандро Паредес од Зенит.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


– Реал Мадрид е спремен да плати 100 милиони евра за плејмејкерот на Тотенхем, Кристиан Ериксен (ОВДЕ).

-Интер има големи планови за следната сезона. „Кориере дело Спорт“ пренесува дека миланскиот гигант ги сака Лука Модриќ и Тони Крос во „пакет“ од Реак Мадрид (ОВДЕ).

-Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Лајпциг го договориле трансферот на Хакан Чалханоглу, но Гатузо ставил „вето“ и не сака да се откаже од турскиот репрезентативец. (ОВДЕ) 

ОФИЦИЈАЛНО: Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Пепе денес потпиша договор со Порто.

-Тотенхем ја прифати понудата од кинески Беџинг Гоан за Муса Дембеле „тешка“ 9 милиони фунти. Фудбалерот веќе има договор со кинескиот клуб. (ОВДЕ)

-Челзи сака да донесе врвен напаѓач и има нова мета – спрема понуда за Карим Бензема, кој е спремен да го напушти Реал Мадрид (ОВДЕ).

-Реал Мадрид сака да донесе напаѓач во зимскиот преоден рок и е спремен да плати 60 милиони евра за ѕвездата на Џенова, Криштоф Пијатек (ОВДЕ).

-Јувентус е спремен да го продаде Пауло Дибала и наводно веќе ја одредил цената за Аргентинецот.

-Официјално: Виљареал го договори трансферот на Висенте Ибора од Лестер. Играчот потпиша договор до 2023 година со „жолтата подморница“.

-БОМБА: Кристиано Роналдо доби понуда од Обединетите Арапски Емирати каде годишно може да заработува неверојатни 60 милиони евра по сезона (ОВДЕ).

-Баерн испрати понуда „тешка“ 35 милиони фунти за талентот на Челзи, Ходсон Одој. Трансферот е блиску до реализација.

-Вест Хем испрати понуда од 20 милиони фунти за играчот на Барселона, Денис Суарез кој е на мета на Арсенал.

-Трансферот на Марио Балотели во Марсеј пропадна. Италијанецот сака да се врати во Серија А каде интерес за него покажуваат Парма и Сампдорија.

-Јувентус го договори трансферот на дефанзивецот на Џенова, Ромеро за 20 милиони евра. Аргентинецот ќе остане на позајмица во Џенова до крајот на сезоната.

– ОФИЦИЈАЛНО: Барселона го обезбеди потписот на Жан Клер Тодибо од Тулуз за на лето. Станува збор за 19 годишен стопер. (ОВДЕ)

Aлен Халиловиќ нема успех ниту во Милан, многу веројатно е овој фудбалер во јануари да ги напушти „росонерите“. Фаворит за негово доведување е турски Бешикташ (ОВДЕ).

– Само што се врати од Сантос, Габигол оди на нова позајмица. Интер ќе го испрати во Фламенго

– ПРЕСВРТ: Сеск Фабрегас веќе пристигна во Монако, но „Радио Монте Карло“ сега пренесува дека Шпанецот се враќа назад во Лондон.

– Aтлетико Билбао сака да го врати во клубот Хави Мартинез кој во 2012 го напушти клубот од Баскија и премина во Баерн Минхен.

Сензационална вест пренесуваат каталонските медиуми: Претставници на Нејмар се сретнале со луѓе од Барселона! (ОВДЕ)

– Бразилецот кој овој јануари се пресели во Милан, Лукас Пакета денес беше претставен пред медиумите.

„„Гатузо беше голем играч го имав во тимот кога играв Плејстејшн. Неверојатно е чуството сега да го имам за тренер. Слична е ситуацијата и со Гонзало. Пипита исто така го имав во тимот и неверојатно е чуството да го гледам како секој ден тренира со мене“, изјави Пакета.

– Според некои информации, ПСЖ во последен момент имал обид да го убеди Муса Дембеле да го избере Париз, пред Кина но Белгиецот – ги одбил!

– Леонардо за потенцијалните заминувања од Милан:

„Не сме добиле официјални понуди за Борини и Халиловиќ. Имаме 30 играчи во тимот, јасно е дека мора некој да замине. Рикардо Монтоливо? Ќе видиме“, изјави Леонардо.

– ОФИЦИЈАЛНО: Леонард Жута му се придружи на Адис Јаховиќ во Коњаспор. Жута потпиша договор со трускиот клуб до сезоната 2020/2021!

– Првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви ја одреди цената за Кристијан Ериксен. Кој го сака Данецот мора да плати 250 милиони евра. (ОВДЕ)

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Статистиката и традицијата велат: Синер е идниот број еден!

Јаник Синер имаше почеток од соништата во оваа 2024 година. Го освои првиот Грен слем сезо…