Дома Трансфер зона „Дон Балон“: Роналдо добил понуда да заработува 60 милиони евра по сезона!?

„Дон Балон“: Роналдо добил понуда да заработува 60 милиони евра по сезона!?

Во текот на преодниот рок често пати се појавуваат разни шпекулации и тоа можеме да кажеме дека е нормално, но последната која ни пристигнува од шпански „Дон Балон“ звучи неверојатно.

Кристиано Роналдо изминатото лето ја изненади фудбалската јавност кога го напушти Реал Мадрид и кариерата ја продолжи во Јувентус. Роналдо за кратко време одлично се вклопи во редовите на „старата дама“ и во овој момент е најдобар стрелец на тимот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Дон Балон“ во текот на вчерашниот ден ја изненади фудбалската јавност. Според овој медиум, Роналдо добил понуда според која може да заработува огромни 60 милиони евра по сезона.

Не се открива името на клубот и се наведува само дека се работи за клуб од Обединетите Арапски Емирати.

Роналдо во Јувентус заработува 30 милиони евра годишно што значи дека ако ја прифати (доколку има) понудата би добивал двојно повеќе. Сепак и да има вистина во ова никој не верува дека Роналдо ќе ја напушти најголемата европска сцена, барем не ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Нема пари за кој би преминал во Јувентус – тоа би било чекор назад во мојата кариера“

Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега и…