Дома Трансфер зона Не поминал проба во Барса, Милан и Челзи, а денес кој го сака мора да плати 250 милиони евра

Не поминал проба во Барса, Милан и Челзи, а денес кој го сака мора да плати 250 милиони евра

eriksen kane

Токму толку бара Тотенхем од потенцијалниот купувач на Кристијан Ериксен.

Ериксен не е продажба! Всушност е, ако некој сака да плати астрономска сума.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако Ериксен има само уште 18 месеци од договорот со „петлите“, директорот на овој клуб Даниел Леви донел одлука нивниот плејмејкер да може да замине само во случај на понуда од 250 милиони евра!

Леви на ваков чекор се одлучил откако добил информации дека актуелниот шампион на Европа, Реал Мадрид ја разгледувал можноста да го ангажира одличниот Данец.

Меѓутоа според медиумите на Островот, Ериксен нема да го напушти Тотенхем.

За Ериксен освен Реал Мадрид, интерес покажа и Манчестер Јунајтед, но и за „ѓаволите“ цената е иста.

Интересно е што Ериксен пред 12 години бил на проба во Барселона, Милан и Челзи, но тогаш овие клубови сметале дека тој нема доволно квалитет да го носи нивниот дрес.

Неколку месеци се обидувал да се избори за договор во некој од овие три клуба, но не успеал. Тоа го искористил Ајакс кој во 2008 година го доведе во своите редови.

https://www.youtube.com/watch?v=_m3i6eSNzhM

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…