Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Хамес го најави трансферот во Наполи, нов Малдини во Милан, Пеп руши рекорд

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Хамес го најави трансферот во Наполи, нов Малдини во Милан, Пеп руши рекорд

Тука сме и денес да следиме се што се случува на трансфер пазарот, а секако денес очекуваме нови вести за ситуацијата со Нејмар откако ПСЖ вчера објави дека не се појавил на припремите.

– Претстедателот на Јувентус вчера отпатувал на Ибица по Икарди! (ОВДЕ)


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


– ПСЖ објави дека Нејмар не се појавил иако морал да го направи тоа, а дека немал дозвола потврди и спортскиот директор Леонардо кој откри и дека Барселона веќе имала со нив некакви контакти за враќање на Бразилецот. Ова изгледа како една нова долга летна сапуница… (ОВДЕ).

– Утрово во Торино медицинските прегледи ги помина стоперот Кристијан Ромеро кој подоцна ќе стави потпис со Јувентус, но се очекува веднаш да биде вратен во Џенова како позајмен играч.

– Елиф Елмас сега е најблсику до Наполи! (ОВДЕ).

Раџа Наинголан одбил две понуди за позајмица од кинескиот Санинг и турскиот гигант Галатасарај.

– Замената за Манолас која на напушти Рома и премина во Наполи изгледа ќе биде еден од најталентираните стопери во Италија, Џанлука Манчини (ОВДЕ).

– Денес како што кажавме очекувајте повеќе вести за Нејмар. Сега дел од медиумите објавуваат дека Бразилецот на гала вечерта која се одржала на крајот од сезоната ги известил луѓето во клубот дека повеќе не сака да игра за ПСЖ.

– Изненадување од Манчестер Јунајтед. Нова желба на Оле Гунар Солскјер е Марио Лемина од Саутемптон.

– Контроверзниот Балотели кој ужива и прави лудости во Италија бил понуден на Вест Хем, но „чеканите“ не се баш сигурни дека треба да го доведат популарниот „Супер Марио“. (ОВДЕ)

– Агентот на Хамес Родригез, Жорж Мендеш наводно се наоѓа во Неапол на завршни преговори со Наполи.

– Манчестер Сити после доведувањето на Родри и Анхилењо е спремен да го продаде Фабијан Делф, а според информациите на „Скај Спорт“ како најсериозен клуб за неговиот потпис се јавил Евертон.

Мино Раиола одново зборуваше за ситуацијата на Пол Погба во Манчестер Јунајтед (ОВДЕ)

– Порто испратил понуда од девет милиони евра за Кевин Трап, но понудата на португалскиот клуб наводно била одбиена, објави „Ле10Спорт“.

– Барселона покажала интерес за Виктор Линделоф од Манчестер Јунајтед! (ОВДЕ)

– ПСЖ покажал интерес за прагвајскиот фудбалер на Либерртад Иван Франк. Овој 19 годишен фудбалер има откупна клазула од седум милиони евра што не би требало да биде проблем за клубот од Париз.

– БОМБА! ЕЛМАС УТРЕ СТАНУВА НАЈСКАПИОТ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕР! (ОВДЕ)

– Договорено: Манчестер Сити за 10 милиони евра го обезбеди потписот на талентираниот Морган Роџерс од Вест Бромвич.

– Ако Барселона го плаќа Гризман на рати тогаш ќе треба да плати 145 милиони евра. (ОВДЕ)

– Некои медиуми блиски на Интер пренесуваат дека Икарди ако замине од редовите на „нероаѕурите“ ќе премине само во Јувентус. Засега се пишува дека Јувентус нуди 50 милиони евра и плата за Икарди од 10 милиони евра по сезона.

– Ништо од Вест Хем. Макси Гомез се договори со Валенсија. Селта од неговиот трансфер ќе добие 14.5 милиони евра и двајца фудбалери Санти Мина и Хорхе Санц. Ова може да значи дека „чеканите“ ќе тргнат по Марио Балотели.

Румениге зборуваше  за трансфер плановите на Баерн (ОВДЕ)

– Симеоне како замена за Тео Ернандез наводно во Атлетико сака да го доведе Дејли Блинд од Ајакс. (ОВДЕ)

– „Марка“ пишува дека Зидан до крајот од преодниот рок ќе изврши притисок на Перез да му бидат доведени Пол Погба и Дони Ван Де Бек од Ајакс.

– Талентираниот фудбалер Дани Олмо според последните информации е пред трансфер во Тотенхем. Атлетико Мадрид беше во пол-позиција да го доведе, но сега Шпанците ја губат поволната позиција.

– Tренерот на Милан, Џампаоло за претстојните припреми го повика синот на легендарниот Паоло Малдини, Даниел Даниел е офанзивен играч кој игра како крило.

– Додека на големо се пишува за Антоан Гризман третолигашот Мерида испрати порака до Французинот: Ако ти пропаднат сите шанси ние сме тука.

– Oфицијално: Алберто Морено потпиша договор со Виљареал до 2024 година. (ОВДЕ)

– Јувентус од продажбата на Манџукиќ има намера да заработи 15 милиони евра. Засега клуб кој покажа најголем интерес за неговите услуги е Борусија Дортмунд.

– Утрово се појави вест за Марио Лемина и Манчестер Јунајтед. Сега пристигнува дополнување на истата, Саутемтон дал зелено на Јунајтед да започне преговори.

– Официјално: Синот на Зидан, Лука Зидан денес беше претставен во Расинг Сатандер каде што ќе игра како позајмен фудбалер.

Хамес Родригез се фотографираше со група пријатели облечени во дресот на Наполи.

hames

 

– Морган Роџерс од ВБА кој има 16 години е пред трансфер во Манчестер Сити. Сити за него може да плати 10 милиони евра, а тоа би била најголема сума платена за еден 16 годишен фудбалер уште 2006 година кога Арсенал плата толкава сума за Тео Волкот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Миралем Пјаниќ има нов клуб

Поранешниот босански репрезентативец и фудбалер на некои од најголемите европски клуови, М…