Дома Трансфер зона Откако ја изгуби трката за Де Лихт, Валверде оди на план „Б“ од Манчестер Јунајтед

Откако ја изгуби трката за Де Лихт, Валверде оди на план „Б“ од Манчестер Јунајтед

Швеѓанецот е голема желба на Барселона после многу веројатно изгубената трка за Де Лихт.

Доколку не се случи некакво големо чудо Холанѓанецот Матијас Де Лихт преминува од Ајакс во Јувентус, Мино Раиола неодамна потврди дека самиот фудбалер се договорил со „старата дама“. Барселона го посакуваше талентираниот стопер на „Ноу Камп“, но според она што се пишуваше се Каталонците се откажале поради големата провизија која ја барал Мино Раиола.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сега Барса има план „Б“ и тој се вика Виктор Линделоф!

„Мундо Депортиво“ во денешното издание пишува дека Барселона неколку пати се обидела да започне преговори со Манчестер Јунајтед за шведскиот дефанзивец, но одговорот од „Олд Трафорд“ бил дека тој не е продажба.

Во Манчестер Јунајтед гледаат важен играч во фудбалерот кој наредната недела ќе наполни 25 години. Сепак Каталонците не губат надеж и веруваат дека во еден момент Јунајтед ќе попушти и ќе им дозволи да преговараат. Нешто позитивно за Барселона е што Френки Де Јонг кој пред неколку дена беше презентиран на „Камп Ноу“ има ист агент со Линделоф, Хасан Четинакај.

Тој во изјава токму за „Мундо Депортиво“ потврди дека Линделоф е желба на некој европски клуб, но не откри име.

„Линделоф е во фокусот на еден голем европски клуб, но во овој момент неговита иднина зависи исклучиво од Манчестер Јунајтед“, изјави Четинкај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…