Дома Топ вести Трансфери во живо: Ањели го потврдил трансферот на Роналдо, Перез испратил понуда до Рим, ПСЖ спреми „стотка“…

Трансфери во живо: Ањели го потврдил трансферот на Роналдо, Перез испратил понуда до Рим, ПСЖ спреми „стотка“…

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

Тука можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– Секако и денес фудбалскиот свет очекува нови информации во врска со спектакуларниот трансфер на Кристиано Роналдо во редовите на Јувентус. Според последните информации од најдоверливиот човек кога станува збор за трансфер пазарот во Европа, Џанлука Ди Марцио Роналдо го контатирал својот поранеше тренер, Карло Анчелоти со кого разговарал за животот и фудбалот во Италија (ОВДЕ)

– Наводно, заедно со Роналдо во Торино би можел да пристигне и Марсело по барање на Португалецот (ОВДЕ)

– Според последните информации, Арсенал отворил преговори со фудбалерот на Севиља, Стивен Нзози. (ОВДЕ)

– Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Рафаел Гереиро би можел да биде ново засилување на ПСЖ по барање на стратегот на францускиот клуб, Томас Тухел, пишува „Билд“.

– Џанлука Ди Марцио најавува дека Марио Балотели ќе потпише договор на две години со тимот на Марсеј

– Арсенал трансферот на Лукас Тореира се очекува да го комплетира во текот на наредната недела.

– Како што пренесува „Гоал“, Пари Сен Жермен е спремен да плати повеќе од 100 милиони евра за фудбалерот за врска на Челзи, Нголо Канте.

– Напаѓачот на Барселона, Пако Алкасер би можел кариерата да ја продолжи во Англија, интерес за неговите услуги покажа тимот на Евертон.

– Официјално: Монако го го доведе играчот за врска на Рио Аве, Пеле за пет милиони евра.

– Официјално: Внукот на легендарниот Кларенс Сидорф, Колин (23) потпиша договор со холандски ПСВ.

– После Баерн Минхен и Манчестер Сити наводно се вклучува во трката за францускиот фудбалер кој воодушеви на Мундијалот, Бенџамин Павард.

– Бразилецот Паулињо наводно потврдил дека има понуда вредна 50 милиони евра да се врати во Гвангжу. Барселона наводно е расположена да разговара за негова продажба. Фудбалерот наскоро ќе отпатува во Каталонија за да ги реши сите дилеми околу својата иднина. (ОВДЕ)

Вилфред Заха повторно е актуелна тема. Наводно фудбалерот одбил да го продолжи договорот со Кристал Палас, интерес за неговите услуги сега наводно покажуваат Евертон, Тотенхем и Борусија Дортмунд.

– Шпанските и италијанските медиуми пишуваат дека Флорентино Перез понудил 155 милиони евра за услугите на Сергеј Милинковиќ Савиќ. (ОВДЕ)

– Наводно Перез му поставил два услови за Кристиано Роналдо да го напушти Реал Мадрид. Едниот е Јувентус да ја зголеми понудата на 150 милиони евра, а другиот е Роналдо да истакне дека самиот сака да го напушти Мадрид со цел да не ја загрози неговата функција (ОВДЕ) 

– Се појасно станува дека пристигнувањето на Роналдо во Јувентус ќе значи и заминување на Гонзало Игуаин, барем такви се последните најави на медиумите во Италија. Да потсетиме, најголем интер за Игуаин претходно покажуваше тимот на Челзи.

– Како што пренесува реномираниот „Калчомеркато“ одговорот на Ањели на прашањето за Роналдо бил: Да, наскоро се ќе биде завршено (ОВДЕ)

– Официјално: Мауро Зарате е нов фудбалер на аргентинскиот гигант Бока Јуниорс.

– Фудбалерот кој е познат како „вечен талент“, Ален Халиловиќ пристигна на медицински прегледи во Миланело, по што ќе стави потпис на договор со „росонерите“.

– Официјално: Како и што се очекуваше, Ален Халиловиќ стави потпис на договор со Милан до 2021 година. (ОВДЕ)

– Според последните информации, Интер е блиску до доведување на еден од најталентираните дефанзивци во Европа Бенџамин Хенрикс од редовите на Баер Леверкузен. (ОВДЕ)

– Вест Хем во овој преоден рок би можел да го доведе напаѓачот на Борусија Дортмунд, Андреј Јармоленко, понудата која се очекува наскоро да биде испратена би можела да инесува околу 17 милиони евра.

– Момчето кое ја шокираше Германија на стартот, Мексиканецот, Ирвинг Лозано се наоѓа на мета на Манчестер Јунајтед. Според информациите наскоро се очекува „ѓаволите“ да испратат официјална понуда до ПСВ во износ од 35 милиони евра (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…