Интер работи на припремите на тимот за наредната сезона во која имаат големи амбиции. Нивната желба е да го подмладат тимот, кој би можел да функционира одлично на долги патеки.
Според последните информации една од нивните мети е фудбалерот на Баер Леверкузен, Бенџамин Хенрикс.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерот на Баер Левркузен одигра 23 натпревари во Бундес лигата минатата сезона, а може да ги покрива сите позиции во одбраната, најчесто беше користен како десен бек. Момчето со потекло од Гана е проценет на 12 милиони евра, а во својот договор има откупна калзула во износ од 35 милиони евра и реално е да се очекува клубовите наскоро да постигнат договор.
Тренерот на Интер, Лучијано Спалети се наоѓа во мал проблем бидејќи стандардниот дефанзивец, Жоао Кансело го напушти клубот и на таа позиција го имаат само Данило Д’Aмбросио.