Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Реал спрема офанзива на Погба, Милан го договори играчот на Барса

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Реал спрема офанзива на Погба, Милан го договори играчот на Барса

И денес сме тука да ве известуваме за се што се случува на трансфер пазарот – следете не и бидете во тек.

-Главна вест на денот е новата понуда на Реал Мадрид за Пол Погба. Зидан го сака Французинот по секоја цена, па „кралевите“ спремија понуда која не се одбива. (тука).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


-Започна „ловот“ на слободни агенти. Неколку звучни имиња се во последната година од договорот и европските гиганти се борат за нивните потписи. (тука).

-Милан го договори второто зимско засиливање. „Росонерите“ постигнаа договор со Барселона за дефанзивецот Тобидо. (тука).

-Челзи се вклучи во трката за бразилскиот голгетер Габриел Барбоса. Лампард смета дека Габигол ќе биде идеално засилување за неговиот тим.

-Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард стана нов клиент на Мино Раиола. Медиумите овој потег на Англичанецот го толкуваат како прв чекор за трансфер.(тука).

Патрик Кутроне сака да се врати во Италија и веќе се договорил со Фиорентина. Останува уште двата клуба да се договорат за формулата на трансферот.

-Манчестер Јунајтед се вклучува во трката за Артуро Видал. Меѓутоа, Барселона не сака да го пушти Чилеанецот на средина од сезоната.

-Јувентус ја одби понудата на Борусија Дортмунд од 34 милиони евра за дефанзивецот Мерих Демирал.

-Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се борат за потписот на ѕвездата на Тотенхем, Хари Винкс.

-Англиските медиуми тврдат дека Арсенал и Баерн Минхен наводно постигнале договор за трансфер на Жером Боатенг на „Емирати“ за 5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…