Дома Топ вести Трансфери во живо: Севиља го сака „џокерот“ на Челзи, Наполи пред ангажман на Делофеу, Евертон фаворит за Волкот

Трансфери во живо: Севиља го сака „џокерот“ на Челзи, Наполи пред ангажман на Делофеу, Евертон фаворит за Волкот

И во зимскиот преоден рок нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации.

-Денешниот ден започна со бомбастична информација од еминентниот новинар Џанлука ди Марцио. Реал Мадрид спрема брутален одговор за трансферот на Кутињо и сака да го донесе најдобриот стрелец од Премиер лигата, Мохамед Салах (ОВДЕ).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


-Официјално: Карлос Тевез се врати во Бока Јуниорс и по трет пат ќе го облече дресот на славниот аргентински клуб (ОВДЕ).

-Интер е на чекор до големо засилување. „Нероаѕурите“ постигнаа договор со Барселона за трансфер на Рафиња Алкантара.

-Англиските медуми пренесуваат дека Златан Ибрахимовиќ е спремен да го напушти Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок (ОВДЕ)

– Милан добил понуда од кинески клуб за Андре Силва од 38 милиони евра, но „росонерите“ не сакаат да се откажат од Португалецот, иако напаѓачот добива многу мала минутажа оваа сезона.

Невен Суботиќ е на чекор од трансфер во Серија А. Италијанските медиуми пренесуваат дека Лацио е во завршни преговори за дефанзивецот кој би требало да биде замена за Де Вриј.

-Италијанските медиуми пренесуваат дека напаѓачот на Ливерпул, Стариџ му бил понуден на Интер (ОВДЕ).

-Шпанските медиуми пренесуваат дека преговорите помеѓу Реал Мадрид и Хари Кејн се во напредна фаза, па напаѓачот веќе го избрал дресот со број 10 за наредната сезона.

-Евертон тргнува по Тео Волкот. Англиските медиуми пренесуваат дека „карамелите“ се спремни да понудат 20 милиони фунти за играчот на Арсенал.

– Арсен Венгер тргнува по ѕвездата на Бордо, Малком кого го гледа како идеална замена за Алексис Санчез. (ОВДЕ)

Арда Туран е многу блиску до трансфер во Башакшекир. Неговиот агент потврди дека играчот постигнал договор со клубот од Истанбул и дека нема да разгледува други понуди.

– Барселона дури осум фудбалери стави на трансфер листа и им ја отвори вратата во зимскиот преоден рок.

– Фудбалерот на Арсенал, Франсис Кокелан ја одби понудата од Вест Хем и ги договори личните услови со тимот на Валенсија, наскоро се очекува и потврда на овој трансфер.

– „Талкспорт“ пренесува дека како опција и замена за Кутињо во Ливерпул, „црвените“ размислуваат за фудбалерот од средината на Рома, Кевин Стротман.

– Како што пренесуваа англиските и италијанските медиуми нова мета за наследник на Фелипе Кутињо во редовите на Ливерпул е одличниот Аргентинец од Серија А, Алејандро Папу Гомез од Аталанта. (OВДЕ)

– Како што пренесуваат италијанските медиуми турскиот шампион Бешикташ е спремен на се за да го доведе Марио Манџукиќ во своите редови, но Јувентус нема намера да го пушти својот „војник“.

– Кристал Палас влегува во завршни преговори за доведување на Диафра Сако.

– Доколку Ливерпул или Арсенал имаат намера да го доведат Тома Лемар од Монако во овој преоден рок ќе мора да платат сума од 90 милиони евра, пренесува „Дејли Мирор“.

– Според англиските медиуми со изјавата која можете да ја прочитате ТУКА, Кевин Де Брујн даде до знаење дека трансферот на Алексис Санчез е само прашање на време.

– Кога во прашање е фудбалерот на Арсенал, Тео Волкот и неговата иднина, прв фаворит во овој момент за негово доведување е тимот на Евертон. (ОВДЕ)

– Според „ЕСПН“, тимот на Севиља ќе се обиде на позајмица да го доведе фудбалерот на Челзи, Мичу Батшуаи.

– Според тврдењата на италијанската национална телевизија „RAI“ тимот на Наполи постигнал договор со Жерар Делофеу од Барселона и Амин Жунес од Ајакс.

– Борусија Дортмунд ги демантираше најавите дека Андре Шурле може да го напушти клубот овој месец. (ОВДЕ)

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…