Дома Трансфер зона Де Брујн со оваа изјава ја „запали“ Англија, трансферот на Санчез е само прашање на време!?

Де Брујн со оваа изјава ја „запали“ Англија, трансферот на Санчез е само прашање на време!?

de bruyne sacchez

Случајно или намерно, Кевин Де Брујн крена огромна „прашина“ со последната изјава во која зборуваше за Алексис Санчез.

Манчестер Сити уште од летото се обидува да го убеди Чилеанецот и изгледа дека успеа во својата намера, но Арсенал се уште не попушта.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, договорот на Санчез истекува на крајот од оваа сезона и тогаш ќе биде слободен да премине во редовите на „граѓаните“, а Арсенал не би добил ниту цент оштета.

Последната изјава на ѕвездата на Манчестер Сити Кевин Де Брујн може да се протолкува како потврда дека Санчез пристигнува на „Итихад“ и дека овој трансфер е само прашање на време.

„КОГА ЌЕ ПРИСТИГНЕ ќе придонесе да станеме уште подобар тим. Санчез е фантастичен фудбалер. Трансфер периодот е отворен ќе видиме што ќе се случи“, изјави Де Брујн.

По ова изгледа дека станува се јасно дека Санчез ќе го облече дресот на „граѓаните“, останува да се види само дали до крајот на овој месец или на крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона сака да си го врати Олмо

Барселона е силно заинтересирана да го врати Дани Олмо во своите редови, пренесуваат шпанс…