Дома Трансфер зона Официјално: Карлос Тевез се врати во Бока Јуниорс

Официјално: Карлос Тевез се врати во Бока Јуниорс

Поранешната ѕвезда на Јувентус, Манчестер Сити и Јунајтед по втор пат во краток временски период се врати во својот матичен клуб и тоа после една година помината во Кина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тевез секогаш тврдеше дека е верен на Бока, а потоа пред година дена изненадувачки одлучи да прифати понуда на Шангај и замина за 10.5 милиони евра, со што стана најплатениот фудбалер на светот.

Во Кина очигледно не се снајде најдобро бидејќи одигра 16 натпревари и постигна 4 погодоци, а за тоа време заработи неверојатни 32 милиони евра. Договорот со кинескиот клуб го раскина на година дена пред истекот и одлучи да се врати дома.

Карлос Тевез во Бока стигна како слободен играч, потпиша едногодишен договор и го избра дресот со број 32.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Скандал на Мундијалот: Тепачка среде прес-конференција (Видео)

Во пресрет на првото четвртфинале, кое во четврток од 22 часот ќе го играат Франција и Мар…