До затварањето на трансфер пазарот остануваат само уште четири дена – бидете во тек со се што се случува!

Денес е работно во Интер. Нероаѕурите го потврдија трансферот на Бираги кој беше дел од зделката со Далберт кој се пресели во Фиорентина. После него во текот на денот се очекува потврдата и за Санчез.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Наполи прави последни обиди да го убеди Икарди, меѓутоа Аргентинецот си стои на ставот – или Јуве или останување во Интер.

Манџукиќ го одби ПСЖ, ќе остане во Јувентус иако најверојатно нема да биде пријавен за Лигата на шампионите.

Реал и ПСЖ се разменуваат! Навас – Ареаола!

Официјално: Гари Медел е нов играч на Болоња.

AС: Пропадна трансферот на Кореа во Милан!

Од Германија пристигнуваа информации дека Роберт Левандовски во наредните неколку часа ќе потпише договор со Баерн со важност до 2023 година.

Изненадување од Рим: Решени за одбранбената позиција на Рома може да биде Крис Смолинг. Трансферот на Ловрен кој изгледаше како завршена работа пропаднал бидејќи во Рома не биле задоволни од физичката спремност на Хрватот.

Медиумите го најавуваат планот на Солскјер за идното лето.

Бетис ќе се обиде да се засили во средината, се пренесува дека желба на шпанскиот клуб е Леонардо Пардес од ПСЖ, но прашање е колку овој клуб ќе може да стигне до неговиот потпис.

Кога веќе станува јасно дека нема ништо од Икарди, Наполи се насочува кон Љоренте.

Официјално: Каспер Долберг го напушти Ајакс и се пресели во Ница.

Баер Леверкузен наводно покажал интерес за Јан Вертонген.

ГОТОВО: Нејмар се враќа во Барса!

Oфицијално: Левандовски го продолжи договорот со Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пеколна нокаут фаза: Шпанија, Франција, Германија и Португалија од иста страна

Веќе е при крај групната фаза на Европското првенство и полека се право костурот за нокау …