Дома Трансфер зона Фернандо Љоренте пред враќање во Серија А

Фернандо Љоренте пред враќање во Серија А

Изгледа дека екипата на Наполи ова лето ќе остане без едно од посакуваните засилувања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мауро Икарди беше желба на Карло Анчелоти, но тој не попушта и сака само во Јувентус, во спротивно е спремен да остане во Интер.

Сепак, италијанските медиуми пренесуваат дека клубот од „Сан Паоло“ пронашол алтернатива за аргентинскиот напаѓач и тоа во искусниот Шпанец, Фернандо Љоренте.

Љоренте во овој момент е слободен играч откако на крајот од минатата сезона му истече договорот со Тотенхем, а со своите настапи за лондонскиот клуб во финишот од минатата сезона покажа дека се уште може да игра на високо ниво.

Ќе потсетиме 34 годишниот напаѓач има искуство со играњето во Серија А со оглед дека од 2013 до 2015 година беше член на Јувентус со кој освојуваше титули во Италија и играше финале во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…