Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Ден полн со потписи – Рабио, Рашфорд, Ковачиќ, Годин, Лазаро..

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Ден полн со потписи – Рабио, Рашфорд, Ковачиќ, Годин, Лазаро..

И денес сме тука да ве известуваме за се што се случува на трансфер пазарот. Очекуваме интересен ден во кој ќе има неколку потписи.

– Рано утрово Интер го потврди најавениот трансфер на Диего Годин. (ОВДЕ)


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Адриен Рабио кој вчера пристигна во Торино утрово ги помина медицинските прегледи, следи потпишувањето на договорот (ОВДЕ)

– Официјално: Барселона конечно успеа да го продаде Денис Суарез кој потпиша договор со Селта Виго (ОВДЕ)

– Италијанските медиуми објавија како би можел да изгледа Милан во новата сезона (ФОТО)

– Двајцата македонски интернационалци ќе го напуштат Палермо. „Спорт Италија“ ексклузивно објави дека Несторовски ќе се пресели во Удинезе (ОВДЕ), додека Трајковски е најблиску до Киево (ОВДЕ)

– Работно во Минхен: Баерн претстави три засилувања – Лукас Ернандез, Бенџамин Павард, и Јан Фиет-Арп (ОВДЕ)

Гонзало Игуаин денес се враќа во Јувентус. „Старата дама“ прави се за да се ослободи од него, но Аргентинецот сака да остане во Торино. Игуаин од договорот со Јувентус има уште две години. (ОВДЕ)

– Стоперот на Тотенхем, Тоби Алдервајлед наводно е мета на Рома која во овој преоден рок ќе треба да доведе замена за Костас Манолас. (ОВДЕ)

– Реал Мадрид повторно се поврзува со Садио Мане! (ОВДЕ)

– Талијанските медиуми пишуваат дека Мијатовиќ заедно со агентот Владо Лемиќ одржале состанок во „Каса Милан“ со директорите на Милан, Паоло Малдини и Звонимир Бобан. Се шпекулира дека тема на разговор бил Лука Модриќ кој од вчера започна да се поврзува со Милан. (OВДЕ)

– Oфицијално: Тотенхем го позајми играчот за врска Лука Амос на една година.

– Официјално: Марко Грујиќ е нов играч на Херта.

– Да потсетиме, денес можно е да има потврда на трансферот на Матијас Де Лихт во Јувентус. За викендот сите поголеми спортски медиуми најавија дека официјалната потврда би можеле да ја добиеме на 1-ви јули, односно денес. Чекаме…

– „Ле10Спорт“ најавува сензација: Кутињо опција за Ливерпул! (ОВДЕ)

– Милан и Реал Мадрид преговараат и за Дани Себаљос, „кралевите“ сакаат во договорот да вметнат „бај-бек“ клазула (ОВДЕ)

– Арсенал нема преголем буџет за трансфери, па Емери ќе се обиде да пронајде некои бесплатни, а квалитетни фудбалери еден таков кој е на мета на „топџиите“ е Брахими од Порто.

– OФИЦИЈАЛНО: Маркус Рашфорд потпша нов договор со Манчестер Јунајтед со важност до 2023 година! (ОВДЕ)

– Трансферот е завршен, но мајката на Адриен Рабио направила сцена за бизарна ситуација пред авионот вчера да полета за Торино. (ОВДЕ)

– Официјално: Младиот десен бек Матеу Мореј (19) премина од Барселона во Борусија Дортмунд како слободен играч и потпипа договор до 2024 година.

– Вчера се појави вест дека Барселона спрема 112 милиони евра за Лаутаро Мартинез, денес се огласи агентот на фудбалерот:

„Да, гласините стигнаа до мене, но вистината е дека не сме имале контакт со никого. Ова се само шпекулации и нормално е да ги има кога преодниот рок е отворен. Не знам како би реагирал Интер ако добие таква понуда, тоа морате да прашате некој од клубот. Дали е среќен во Милан? Тоа ќе мора да го прашате него, јас не можам да зборувам во негово име. Како и секој друг нормален играч и тој сака да добива минутажа“, изјави Алберто Јаке,

– Крилниот фудбалер, Валентин Лазаро ги помина медицинските прегледи со Интер се чека потпис! (ОВДЕ)

– Италијански „Ил Мартино“ објави дека Хамес Родригез во придружва на својот агент Жорж Меденш пристигнал на островот Капри каде што ќе се сретне со претстедателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.

Шон Лонгфорд од Њукасл се најде на мета на Манчестер Јунајтед. (ОВДЕ)

– Според последните информации од Торино, Сами Кедира и Блез Матуиди после доаѓањето на Сари ќе го напуштат Јувентус (ОВДЕ)

БОМБА: Англиските медиуми тврдат дека Манчестер Сити до вечер ќе го потврди трансферот на Родри од Атлетико Мадрид. Тој трансфер би изнесувал 70 милиони евра и би бил најскап во историјата на „граѓаните“! (ОВДЕ)

Тео Ернандез пристигна во Милано на леркарски прегледи, после што ќе следи потпис на договор со Милан! Милан веќе постигна договор со Реал Мадрид за трансфер вреден 18 милиони евра, а Хернандез ќе потпише 5-годишен договор вреден 1,8 милиони евра по сезона. (ОВДЕ)

– Eве ја официјалната потврда од Милано! Валентино Лазаро е нов играч на Интер! (ОВДЕ)

– ОФИЦИЈАЛНО: Реал Мадрид го потврди откупувањето на договорот на Матео Ковачиќ од страна на Челзи. Информации не се откриваат, но се верува дека Челзи платил 50 милиони евра. (ОВДЕ)

– Официјално: Фудбалерот кој во минатото се прослави со настапите во дресот на Челзи, Џон Оби Микел денес потпиша договор со Трабзонспор.

– Изненадување од Русија: Клаудио Марикзио го раскина договорот со Зенит и сега е слободен играч!

– После Реал потврда за трансферот на Ковачиќ стигна и од Челзи.

Новинаротн на „Скај Спорт“ Кевен Солхекол објави дека Арсенал понудил 40 милиони фунти за услугите на Вилфред Заха. Заха сака трансфер на „Емирати“.

– Официјално: Монако го откупи Желсон Мартинс!

Рафа Бенитез веќе утре може да биде промовиран како нов тренер на кинескиот Далијан Џифанг!

– ОФИЦИЈАЛНО: Чекавме од утровото еве ја потврдата – Адриен Рабио е нов играч на Јувентус!

Лук Де Јонг е пред трансфер во Севиља во текот на утрешниот ден се очекува се да биде завршено.

– После извесното враќање на Буфон во Јувентус станува јасно дека Матија Перин ќе бара нова средина, а како можна дестинација сега се споменува Милан.

– Борусија Дортмунд би можела да испрати понуда за напаѓачот на Рома Патрик Шик.

– Презентацијата на Рабио пред навивачите на Јувентус е закажана за утре во 11 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…