Дома Фудбал Челси го врати Гонзало Игуаин во Јувентус

Челси го врати Гонзало Игуаин во Јувентус

Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин се врати во Јувентус откако Челси не го откупи неговиот договор.

Игуаин во дресот на лондонскиот клуб играше во вториот дел од сезоната на позајмица, но со своите игри не ги оправда очекувањата. Иако се веруваше дека ќе остане на Стемфорд Бриџ на крајот со заминувањето на Сари се’ се промени.

Сари ја напушти клупата на Челси и замина токму во Јувентус, каде Игуаин е се уште член. Неговата позајмица вчера беше официјално завршена и тој повторно е дел од играчкиот кадар на Старата дама.

Иако беше сигурно дека Јуве ќе го продаде Игуаин ова лето, сега работите се променија. Имено, Сари изразил желба Аргентинецот да остане во клубот и Јуве да се откаже од продажбата.

Главната причина поради која Челси не сакаше да го купи е фактот што мораше да плати 36 милиони евра, а имаше опција да му ја продолжат позајмицата уште една година за девет милиони евра, но и од тоа се откажа.

Како што стојат работите, Игуаин најверојатно ќе остане во Јувентус каде нема да има минутажа како некогаш, а место во тимот би требало да се ослободи со заминување на Манџукиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…