Дома Трансфер зона Французите најавуваат сензација: Кутињо опција за Ливерпул!

Французите најавуваат сензација: Кутињо опција за Ливерпул!

Во француските медиуми се појави сензационална вест!

Како што пренесуваат медиумите во Франција Ливерпул е спремен во своите редови да го врати Фелипе Кутињо!


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Бразилецот во јануари 2018 година го напушти „Енфилд“ i ja oствари својата желба да го облече дресот на Барселона, а Ливерпул од тој трансфер заработи 160 милиони евра со се бонуси.

Во Ливерпул одлично поминаа во оваа зделка затоа што Кутињо на „Камп Ноу“ не се прослави, додека Клоп со тие пари ги доведе Ван Дајк и Алисон кој се покажаа како супер засилувања.

Кутињо не започна така лошо во Барселона освои двојна круна, но во натпреварувачката година зад нас пружи многу слаби настапи се најде на мета на критики имаше разочарувачка година и во Лигата на шампионите во полуфиналето беше елиминиран токму од Ливерпул.

Низ медиумите името на Кутињо се поврзуваше и со Манчестер Јунајтед, но Бразилецот изјави дека од почит кон навивачите на Ливерпул не би можел да игра за друг клуб во Англија.

„Ле10Спорт“ сега објави дека управата на клубот од „Енфилд“ размислува да му пружи на Кутињо втора шанса.

Ќе видиме како оваа ситуација ќе се развива и дали навистина Кутињо би можел после 18 месеци да се врати во редовите на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…