Дома Трансфер зона Сари пристигна, Кедира и Матуиди ги спакуваа куферите

Сари пристигна, Кедира и Матуиди ги спакуваа куферите

Пристигнувањето на новиот тренер Маурицио Сари во Јувентус се чини дека става крај на престојот во клубот на неколку фудбалери.

Први кои ќе ги спакуваат куферите се играчит за врска Сами Кедира и Блас Матуиди, откриваат италијанските медиуми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Сари им порачал на споменатите фудбалери дека не влегуваат во неговите планови и слободно можат да си бараат нови клубови.

Кедира имаше проблем со повредите минатата сезона и одигра само 17 натпревари. Наводно Германецот е спремен спогодбено да го раскине договорот со Јувентус и да се пресели во МЛС лигата.

Матуиди има договор до 2020 година и веќе добил понуди од Катар и Кина, па е спремен да го напушти Јувентус, бидејќи во новата сезона тешко дека ќе добива минутажа кај Сари.

Јувентус веќе ги донесе Арон Рамси и Адриен Рабио, па конкуренцијата во средниот ред е голема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…