Дома Трансфер зона Официјално: Барселона конечно најде клуб да го продаде Денис Суарез

Официјално: Барселона конечно најде клуб да го продаде Денис Суарез

Барселона го купи Денис Суарез како талентиран фудбалер во Б тимот каде што пристигна во 2013 година.

Од тогаш Суарез беше испраќан на неколку позајмици и никако не успеваше да го убеди раководството на клубот дека заслужува да добие шанса да игра во првиот тим, сега Барселона конечно пронајде клуб на кој го продаде.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На почетокот на овој месец изгледаше дека 25 годишниот Суарез е најблиску до трансфер во Валенсија дури и тој самиот јавно истакна дека сака да соработува со Марселињо. Сепак, изгледа дека Валенсија баш и немаше премногу желба да го ангажира, барем тоа не го покажа и тоа го искористи Селта Виго.

Селта го врати Суарез после осум години. За неговите услуги Селта плати сума од 13 милиони евра, а трансферот би можел да достигне и вредност од 16 милиони евра доколку се исполнат одредени клазули во договорот.

Официјално засега не се откриени за времетраењето на договорот, меѓутоа според она што се шпекулира Суарез потпишал договор на четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Од Реал Мадрид заминува фудбалерот со најдолг стаж во клубот

Фудбалерот на Реал Мадрид, Начо Родригез, наводно го известил клубот дека нема да го продо…