Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Стигна потврда дека Нејмар сака во Барселона, Јувентус бара помош за Погба!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Стигна потврда дека Нејмар сака во Барселона, Јувентус бара помош за Погба!

Како што знаете тука сме и денес да ви пренесуваме се што се случува на трансфер пазарот, денес денот започна прилично интересно. Секако се уште главна вест е онаа од доцна вчера вечер кога беше потврдено дека Атлетико испратил понуда од 126 милиони евра за Жоао Феликс.

– ОФИЦИЈАЛНО: Утрово беше завршен и вториот дел од зделката помеѓу Барселона и Валенсија. Каталонците го потврдија трансферот на бразилскиот голман Нето. (ОВДЕ)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– ДОГОВОРЕНО: Челзи пронајде „дупка“ во законот и е пред откупување на договорот на Матео Ковачиќ за 50 милиони евра! Со оваа сума Ковачиќ останува најскап Хрват и ќе го подобри сопствениот рекорд кога Реал го купи од Интер.  (ОВДЕ)

– ОФИЦИЈАЛНО: Ливерпул го купи 17 годишниот стопер на Зволе, Ван Ден Берг. (ОВДЕ)

– Пресврт! Рабио ги стопирал преговорите со Јувентус затоа што ПСЖ му понудил нов договор (ОВДЕ)

– Херојот на Црвена Звезда, Милан Павков требаше да се пресели во Кина во тимот на Џансунг, но поради непрофесионализмот од страна на Кинезите Павков се вратил од Кина и сега повторно е на припремите со Звезда. (ОВДЕ)

ДЕ ЛИХТ: Секако и денес има информации за зделката која ја следи целиот фудбалски свет. „Скај“ дознава дека Де Лихт со Јувентус ќе потпише договор на пет години со плата од 12 милиони евра по сезона, а во неговиот договор ќе има и откупна клазула во износ од 150 милиони евра. (ОВДЕ)

– ДОГОВОРЕНО: Челзи и Лампард се договорија! Од утрово сите медиуми на Островот ги пренесуваат деталите за договорот помеѓи легендарниот играч за врска и „сините“. Лампард ќе потпише договор на три сезони со плата од шест милиони евра по сезона. (ОВДЕ)

– „Скај Спорт“ дознава дека Бисака го напуштил хотелот Ловри во Манчестер и се упатил кон Карингтон на вториот дел од медицинските прегледи со Манчестер Јунајтед. До крајот на денот се очекува официјализација.

– КОНЕЧНО! После два преодни рока Тотенхем купува играч. Џек Кларк ги поминал медицинските прегледи и овој трансфер треба да се официјализира до крајот на денот.

Џанлука Ди Марцио пренесува дека ПСЖ и Милан започнале преговори за Донарума. Наводно клубот од Париз сака да го понуди Ареола и 30 милиони евра за чуварот на мрежата на „росонерите“. (ОВДЕ)

– Њукасл за празното тренерско столче ги контактирал Микел Артета, Стивен Џерард и Патрик Виера.

– „Дејли Мирор“ пишува дека Лестер му порачал на Манчестер Јунајтед да плати 100 милиони фунти ако го сака Хари Мегваер.

– БОМБА! ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА БАРСЕЛОНА ПОТВРДИ ДЕКА НЕЈМАР САКА ДА СЕ ВРАТИ! (ОВДЕ)

– Вчера беше потврдено дека Атлетико испратил понуда од 126 милиони евра за Жоао Феликс, а веќе денес стигнува нова вест. Атлетико отворил преговори за Хамес Родригез со Жорж Мендеш (агент и на Феликс).

Денис Суарез за кој е јасно дека ќе ја напушти Барселона бира помеѓу Селта и Валенсија, Барселона од неговиот трансфер ќе заработи помеѓу 13 и 15 милиони евра.

– „Кориере дело Спорт“ објави дека Јувентус побарал помош од „Адидас“ за да го ангажира Пол Погба.

– Пристигнуваат информации за преговорите помеѓу ПСЖ и Милан за Донарума. „Росонерите“ ја одбиле понудата во која бил вклучен Ареола и 30 милиони евра.

– Монако ќе го задржи Желсон Мартинс.

Ковач отворено побара засилувања од управата на Баерн Минхен. (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Борусија го засилува нападот со еден од најдобрите фудбалери во Бундеслигата?

Борусија Дортмунд сезонава не беше многу конкурентна за титулата во Бундеслигата, но успеа…