Дома Трансфер зона Готово: Челзи и Реал Мадрид договорија трансфер вреден 50 милиони евра!

Готово: Челзи и Реал Мадрид договорија трансфер вреден 50 милиони евра!

Иако тимот на Челзи има забрана за доведување засилуваа во наредните два преодни рока, адвокатите сепак успеаа да пронајдат начин да доведат играч.

Поради прекршување на правилата со доведување млади играчи ФИФА му забрани на Челзи да доведува играчи во наредните два преодни рока.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Двата преодни рока забрана значат забрана за регистрирање играчи од 01.07.2019 до 31.06.2020 (односно порано, до средината на февруари, но 1-ви јули започнува новата трансфер сезона. Меѓутоа „дупката“ во законот е во овие четири дена до 1-ви јули.

Англичаните го променија својот календар за доведување играчи и тој трае до полноќ пред првото коло, а не како останатите лиги до 31-август, а со тоа го променија и почетокот на летниот преоден рок. Поради тоа во Англија за разлика од остатокот од светот каде што започнува на 1-ви јули, кај нив започнува на 27-ми јуни.
Поради тоа што забраната на ФИФА е за глобалниот почеток, а не за Англија, Челзи има четири дена во кои може да регистрира играчи.

Во Челзи тоа го искористиле да го откупат договорот на Матео Ковачиќ од Реал Мадрид, дознава „Марка“.

Овој медиум наведува дека Реал одредил цена од 50 милиони евра и нема намера да ја спушти. Бидејќи во Челзи немаат многу време мораат да ја прифатат оваа сума.

Договорот веќе е постигнат, а одобрение дал и Френк Лампард кој ќе биде новиот тренер. Се шпекулираше дека Ковачиќ ќе се врати во Италија, но Челзи после добрата сезона одлучи да го задржи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сити и Баерн сакаат да го „украдат“ талентот на Милан

„Бисерот“ Франческо Камарда го привлече вниманието на сите фудбалски клубови со своја…