Дома Трансфер зона Каква непрофесионалност! Кинезите го излажале херојот на Звезда од епскиот натпревар против Ливерпул

Каква непрофесионалност! Кинезите го излажале херојот на Звезда од епскиот натпревар против Ливерпул

pavkov

Фудбалерот на Црвена Звезда кој се прослави оваа сезона со головите против Ливерпул кој подоцна стана европски шампион нема да се пресели во Кина.

Дефинитивно пропадна трансферот на Милан Павков во кинескиот Џангсу.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Павков се врати во Црвена Звезда и сега на клубот е да ја разгледа ситуацијата и да донесе одлука за неговата иднина.

Напаѓачот пред заминување се договори со Кинеите за плата од 1.2 милиони евра по сезона, а Звезда му даде дозвола на Павков да замине така што го прифати договорот.

Сепак, трансферот не се реализираше, а причина биле Кинезите.

Имено, сумата која била договорена не била иста со онаа во договорот кој требало Павков да потпише. Накратко Кинезите изгледа сакале да го изиграат Павков (друго објаснување нема), па тој се се вратил во Белград.

Сега тој ќе се приклучи на припремите на Звезда во Австрија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…