Дома Топ вести ПОТВРДЕНО: Нејмар побарал Барселона да го врати!

ПОТВРДЕНО: Нејмар побарал Барселона да го врати!

Нејмар со Барселона започна да се поврзува веројатно уште првиот преоден рок после доаѓањето во Париз, но во овој преоден рок изгледа работите се навистина и тоа како сериозни.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На големо низ сите поголеми спортски медиуми со денови веќе се пишува дека Нејмар сака да се врати и дека во Париз не му е онака како што очекувал.

Во ПСЖ Нејмар замина со намера да излезе од сенката на Меси и да ја освои Златната топка, меѓутоа ПСЖ нема успех во Европа, па Нејмар засега е далеку од такво нешто.

Ако досега само медиумите пишуваа сега за прв пат имаме изјава од официјално лице на некој од клубовите во која тврди дека Нејмар побарал да се врати. Тоа го направи потпретседателот на Барселона, Жорди Кардонер.

Кардонер за реномираниот „ЕСПН“ без заобиколувања јасно кажа дека Нејмар изразил желба да се врати во Барселона, но додаде дека клубот засега таа опција не ја разгледал.

„Вистина е. Нејмар покажа желба да се врати во Барселона, но клубот се уште не ја разгледал оваа опција“, изјави Кардонер за „ЕСПН“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…