Дома Топ вести ПСЖ и Милан преговараат за Донарума, можна размена

ПСЖ и Милан преговараат за Донарума, можна размена

donaruma

Реномираниот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио објави дека Пари Сен Жермен и Милан започнале преговори за трансфер на Џанлуиџи Донарума.

Спореди информациите на Ди Марцио Милан бара 50 милиони евра, додека ПСЖ во игра сака да го вклучи и Алфонсо Ареола. Нивната понуда наводно е 30 милиони евра, плус Ареола.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Донарума со само 16 години застана на голот на Милан, а дебитантскиот настап го забележа на 25-ти отктомври 2015 година против Сасуоло. Веќе од сезоната 2016/2017 стана стандарден чувар на мрежата, а во април 2018 година со 19 години 49 дена стана најмладиот играч кој забележал 100 настапи во Серија А.

За прв пат со заминување од Милан се поврзуваше зимото 2017 година кога после повеќенеделната бура во која учествуваше неговиот менаџер Мино Раиола договорено е да потпише повеќегодишен договор.

Од друга страна Ареола во ПСЖ дебитираше на 20 години во 2013 година. Започна да брани од сезоната 2016/2017 додека стандарден голман стана во наредната сезона. Во минатата сезона ја делеше минутажата со Буфон, а дека во Париз не веруваат премногу во него покажаа со интересот за Донарума.

Ако Ареола замине од ПСЖ ќе остане без учество во Лигата на шампионите, но сигурно дека ќе ја добие посакуваната минутажа.

Олеснителна околност во текот на преговорите може да претставува тоа што двајцата играчи имаат ист менаџер, Мино Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алфонсо Дејвис се договори со Реал Мадрид

Реал Мадрид постигнал договор со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пренесуваат…